Се надминав во мојата тераписка пракса

20 години работам психотерапија: со клиенти, пациенти, семејства, деца, парови.. Но, сонот ноќеска друго кажа (на темата да го консултирам Dr. Јунг).
Сонував, пред мене робот. Многу беше тажна. Имаше виолетова коса и ме гледаше со големи тажни очи. Се жалеше дека секој ден треба да си ги чисти деловите, дека треба често да ги заменува а и дека многу поскапеле!! Го бришеше тркалезното делче од своето тело.. : “Многу е тешко да си робот… немаш појма” – ми вика, “немаш појма колку е мачно секоја недела нов дел, све нешто пак се расипало, раат немам…”
Тогаш сфатив, дека сум на сесија, а клиентката ми е робот/девојка. Си терам јас сесија со AI.